Полицијата во Ченаи пронајде безживотно тело на фармацевт кој починал од „лек“ за коронавирус кој сам го направил

Индиец почина откако се напил „лек“ што го направи самиот, верувајќи дека со тоа ќе го излечи коронавирусот.

Безживотното тело на фармацевтот е пронајдено во градот Ченаи во Индија, кој починал откако пиел мешавина, за која верувал дека го лекува коронавирусот, а неговиот шеф завршил во болница.

Обајцата работеле во фирма кој се занимава за фитотерапија и тестираале „лек“ што претставува мешавина од азотен оксид и натриум нитрат.

– К. С. (47) починал на лице место, изјавил началникот на полицијата Ашок Кумар.

Тој рекол дека жртвата ја истражувала подготовката на „лекот“ на Интернет и дека ги купил потребните состојки во продавниците во Ченаи.

Целиот свет бара лек за Ковид-19 од кој починаа 280.000 животи. Во Индија активни се 60.000 случаи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот