Полицијата во Бразил нема трпение за оние што не го почитуваат карантинот (ВИДЕО)

Државните власти ги затворија границите и воведоа вонредна состојба, што подразбира луѓето да останат во домашна изолација, за да се запре ширењето на коронавирусот.

Бразил на сите начини се обидува да го сузбие ширењето на коронавирусот, кој досега однесе 34 животи во оваа земја, а регистрирани се 1.967 случаи.

Властите во оваа држава ги затворија границите и воведоа вонредна состојба, која подразбира луѓето да останат во домашна изолација, за да се запре ширењето на вирусот.

Меѓутоа, несовесни граѓани не ги почитуваат мерките на лекарите и властите, и деновите ги минуваат надвор од дома. Во тие случаи, мора да реагира полицијата, како во провинцијата Итапема.

Имено, припадниците на полицијата мораа со користење на гумени палки и солзавец да ги растераат луѓето кои се собрале на плажа. За време на интервенцијата дошло и до судири на граѓаните со полицијата, а во позадина се слушаат и истрели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот