Полицијата во Берлин уапси државјанин на Србија осомничен за серија силувања

Полицијата во Берлин уапсила човек кој се сомничи за повеќе силувања извршени во еден месец. Медиумите јавуваат дека се работи за државјанин на Србија, пренесува „Дојче веле“.

Првото силување се случило пред еден месец. А тогаш за 31 ден уапсениот маж во Берлин и околината наводно нападнал седум жени, од кои пет силувал. Осмата жртва ја силувал вчера во Потсдам по што е фатен.

„По уште едно силување во подрачјето на Потсдам, вечерва полицајците успеаа да го фатат 30-годишниот маж, кој, според моментните сознанија, е баран сериски силувач“, објави берлинскиот државен обвинител синоќа на „Твитер“.

Според наводите на полицијата, се работи за 30-годишник со српски пасош, кој во периодот од 12 јуни до синоќа напаѓал и силувал жени. Мажот е осомничен за пет силувања и обиди за силување главно во шумите во Берлин и околината. Вчерашната жртва џогирала на шумска патека кога тој ѝ пришол и ја прашал за патот. Набргу потоа, како што се наведува, насилникот ја совладал и ја силувал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот