Полицијата уби лице кое со нож нападнал луѓе во трговски центар во Австралија

Полицијата уби маж кој прободел неколку лица во трговски центар во западна Австралија, изјави неименуван службеник.

Официјалните лица не потврдија колку лица се повредени, каква е нивната состојба или кој бил мотивот за нападот што се случи во градот Јужен Хедланд.

„Едно лице беше вклучено во прободување и повредување луѓе“, рече премиерот на Западна Австралија, Марк Мекгон.

Тој истакнал дека првиот обид полицајците да го онеспособат напаѓачот бил неуспешен. Тој потоа се насочил кон полицајците, кои пукале кон него.

– Тој почина на лице место. Голем број луѓе се повредени во овој трагичен настан, истакна Мекгон.

Полицијата соопшти дека повредените биле пренесени во здравствениот кампус во Хедланд. Во изјавата се додава дека полицијата ќе ги испита околностите на инцидентот.

Од амбулантата „Свети Јован“ соопштија дека на некои лица им било пружено лекување на лице место, но не дале детали за нивното здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот