Полицијата уапси петмина дилери

Од МВР ја потврдуваат акцијата, а детали за истата најавија во текот на денов.

Ноќеска полициска патрола од Скопје на улицата „Коце Металец“, ги уапсила Б.Е. (20) од Демир Капија и В.С. (20) од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена марихуана.

Исто така ноќеска, во скопски Карпош уапсен е В.Д. (24) од Скопје кој поседувал хеорин.

Вчера попладне пак на локалниот пат од Скопје за село Блаце уапсени се С.М. (25) од Скопје и М.А. (30) од Тетово кај кои при личен претрес е пронајдена марихуана и хероин.

По документирање на случаите против нив сите лица ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот