Полицијата уапси 60 лица за време на протести во Киргистан

Полицијата во главниот град на Киргистан денеска уапси околу 60 лица, откако група мажи прекинаа недозволен протест организиран по повод Меѓународниот ден на жената.

Тоа се случи на главниот плоштад во Бишкек, јавија локалните медиуми.

Демонстрантите се собрале за да дадат поддршка за правата на жените и децата, но непознати мажи го прекинале собирот.

Полицијата соопшти дека се уапсени лица од двете групи, но повеќе медиуми објавија дека уапсени биле претежно жени.

Според новинската агенција Акипрес, уапсените биле ослободени неколку часа подоцна, а 10 биле обвинети за спротивставување на полицијата и казнети со по 70 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот