Полицијата трага по момчето кое палеше во природа

Имено, станува збор за млад скопјанец кој со запалка потпалуваше грмушки и го снимаше пожарот кој го предизвика, а потоа овој чин самиот го објавил на социјалните мрежи.

До Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, преку сервисот „Црвено копче“ пристигната е пријава за лице кое на сервисот за споделување на видеа ТикТок се снима додека врши палење на јавни површини.

Пријавата е доставена до СВР Скопје, како надлежна организациона единица која постапува по сторени кривични дела од таа област.

МВР презема мерки и активности за утврдување на точниот идентитет на снимката и на учесниците во неа, како и за понатамошно расчистување на настанот.

Имено, станува збор за млад скопјанец кој со запалка потпалуваше грмушки и го снимаше пожарот кој го предизвика, а потоа овој чин самиот го објавил на социјалните мрежи.

Тинејџер се снима како пали во природа (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот