Полицијата трага по лицето кое испратило лажна вест за 24-часовен карантин во Србија (ФОТО)

Илустративна фотографија

Пораката која стигнала преку Вајбер на телефоните на илјадници граѓани во Србија почнува со реченицата дека „од среда на полноќ ќе започне 24-часовен карантин“.

Полицијата трага по лицето кое во порака на мобилните телефони низ Србија испратило лажни информации дека од среда на полноќ во Србија започнува 24 часовен карантин, потврдено е за Блиц.рс.

– Тоа не е точна информација. Некој пробува да предизвика хаос во Србија. Полицијата ќе реагира и ќе го уапси оној кој стои зад овие дезинформации, вели извор на Блиц.рс.

Пораката која стигнала преку Вајбер на телефоните на илјадници граѓани во Србија почнува со реченицата дека „од среда на полноќ ќе започне 24-часовен карантин“.

„Се воведува софтвер каде преку порака ќе испраќате барање за излегување и ќе ви стигне одобрувување исто така преку порака која ќе ја покажете на полицијата на улица. Набавете утре што ви треба“, пишува во пораката.

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ објави на Твитер дека „информациите кои кружат на социјалните мрежи дека ќе се воведе 24-часовен карантин е лажна“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот