Полицијата тајно ја донесе Јанева во обвинителство

Фото: Д. Митрески

Затворската полиција тајно ја спроведе ексшефицата на СЈО, Катица Јанева во Одделот за организиран криминал и корупција.

Поранешната специјална јавна обвинителка денеска дојде да ги види доказите против неа кои ги има собрано тимот на обвинителката Вилма Рускоска за аферата „Рекет”. Во Обвинителството, ден пред Јанева, безмалку четири часа беше донесен првоосомничениот за „Рекет”, Бојан Јовановски. Тој ги разгледуваше дел од доказите против него.

Јанева пред два дена беше повикана во ОЈО да даде исказ по однос на обвинението за истрагата во „Рекет“ која е веќе завршена. Во својата одбрана Јанева има ангажирано двајца адвокати, Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев. Поранешната шефица на СЈО, Јанева, го одлежува шестиот ден од вториот продолжен 30 дневен притвор. На 20 овој месец, адвокатскиот тим на Јанева понуди три недвижни имоти како гаранција за затворскиот притвор да и биде заменет со домашен, но обвинителката Вилма Русковска даде негативно мислење по истиот.

Обвинителството за организиран криминал и корупција го отвори случајот „Рекет” во јули годинава, против Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец, за потоа истрагата да се прошири и против Катица Јанева. Во затворски притвор се Јанева и Јовановски, а од пред два дена Милески е пуштен во домашен притвор. Токму за неговиот исказ, вчера адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски изјави дека „имаат забелешка зошто не го добиле исказот од Зоран Милески кога истрагата е завршена“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот