Полицијата синоќа казнила 100 пијани возачи во Скопје

Фото: Профимедиа

Синоќа во периодот од 22 до 4 часот во Скопје, санкционирани се 100 возачи, кај кои било утврдено присуство на алкохол во крвта.

Од МВР информираат дека дополнително санкционирани се уште 51 возач за останати прекршоци.

Акциската контрола ја спровде Одделението за безбедност на патниот сообраќај во содејство со полициски службеници од други сектори и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Министерството за внатрешни работи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот