Полицијата санкционираше преку 200 скопјани

Во текот на изминатиот ден (24.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 52 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 34 возачи од кои: тројца возачи затоа што управувалe возило под дејство на алкохол, 24 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи-почетници и пет возачи поради сторени останати прекршоци.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 22 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Санкционирани се осум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, 10 возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, осум возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 10 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 72 мандатни платни налози и 59 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот