Полицијата растури журка: Над 2.000 луѓе следеле рагби без маски и дистанца, возвратиле со шишиња

epa06886911 Festival-goers dance outside the Clubbing Stage at the Alive Festival in Oeiras, on the outskirts of Lisbon, Portugal, 13 July 2018. The festival runs from 12 to 14 July. EPA-EFE/JOSE SENA GOULAO

Властите во американската држава Јужна Каролина соопштија дека прекинале забава на која присуствувале најмалку 2.000 лица, кои не се придржувале кон мерките за претпазливост за спречување на ширењето на коронавирусот.

Мајк Де Сума, портпарол на противпожарната служба на главниот град на Јужна Каролина, Колумбија, изјави дека собирањето се случило во саботата во станбен комплекс во текот на рагби натпревар меѓу универзитетите во Јужна Каролина.

Фотографиите од пожарникарите покажуваат маса млади луѓе од кои многу мал број биле со маски на лицето или на соодветна дистанца, пренесува АП.

Де Сума рече дека некои луѓе фрлале шишиња врз екипите кои стигнале на самото место.

Полицијата ја растурила забавата откако пожарникарите прогласиле непосредна опасност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот