Полицијата „растури“ короназабава во Индија, уапсени 54 лица

Фото: EPA-EFE/DIVYAKANT SOLANKI

Поради кршење на воведените рестрикции наметнати поради пандемијата со коронавирусот, индиската полиција уапси 54 лица на забава во државата Пенџаб, во северна Индија.

Забавата била организирана вчера на базен во еден ресторан и покрај забраната за јавни собири, а полицијата интервенираше по анонимна пријава, изјави заменик-началникот на локалната полиција, Сами Верма, јави Си-Ен-Ен.

Во Пенџаб, потврдени се 15.731 нов случај на ковид-19 и вкупно 1.739 смртни случаи за едно деноноќие.

Индија соопшти за 90.632 нови случаи на Ковид-19, што е најголемо зголемување на бројот на нови инфекции за еден ден. Вкупно 4.113.811 лица се заразени во Индија, а 70.626 лица починаа од почетокот на пандемијата.

Индија е трета во светот според бројот на заразени со вирусот, по САД и Бразил.

Според Министерството за здравство, во Индија моментално има 862.320 активни случаи на заболени со новиот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот