Полицијата расчистува случаи со измамени угостители и цвеќари

Деновиве угостители и продавачи на цвеќе од Тетово, Гостивар и Врапчиште пријавиле неколку идентични измами со лажни резервации и нарачки.

По неколкуте пријави за измами во кои досетливи измамници од угостители и продавчи на цвеќе одзеле пари, од СВР Тетово информираат дека во тек се интензивни мерки и активности за расчистување.

Деновиве угостители и продавачи на цвеќе од Тетово, Гостивар и Врапчиште пријавиле неколку идентични измами со лажни резервации и нарачки.

– Во рамките на овие активности соодветните служби на Секторот веќе располагаат со одредени сознанија околу можните сторители на измамите. Апелираме до граѓаните да бидат докрај претпазливи кога телефонски примаат резервации или нарачки на одредени производи и услуги. Особено треба да бидат претпазливи кога станува збор за непознати лица, кои нудат најразлични производи или им ветуваат посредување за некои услуги како вработување, обезбедување документи и слично, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Измамниците според утврдена шема се јавуваат во некој ресторан, и некој од нив се претставува како раководител или директор на фирма и бара во да му се резервира сала за забава. Притоа од угостителот бара да ангажира фирма за декорација на салата и да ѝ плати. Парите за декорацијата се даваат во кеш на одредено лице кое подоцна исчезнува, а нарачателот е недостапен на телефонот.

Според Јосифоски, поединци вешто и досетливо, измислуваат најразлични приказни и начини да ги доведат во заблуда и да остварат парична или друга корист, ветувајќи услуги, огревни дрва, лекарства, возила, поефтини станови и друго.

Измамите претставуваат кривично дело (член 247 од Кривичниот законик) за кое е предвидена парична или казна затвор од 3 до 5, односно 10 години, зависно од големината на причинетата материјална штета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот