Полицијата пронајде марихуана кај четири лица

Речиси 45,1 отсто од оперативните сознанија што дошле до македонската полиција во текот на 2021 година се однесуваат на недозволена трговија со марихуана, па затоа најзастапена е заплената на марихуаната / Илустративна фотографија

На 22.02.2020 во 13.50 часот на подрачје на ПС Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М.(24), затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.02.2020 во 16.45 часот на подрачје на ПС Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(27) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 23.02.2020 во 02.00 часот на подрачје на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Ц.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана, како и пиштол марка “Еkol“ со рамка без муниција за истиот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 22.02.2020 во 21.10 часот на ул. Вера Јоциќ, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 16 годишен малолетник од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот