Полицијата приведе разбојник од Арачиново кој извршил четири кривични дела

Полицијата приведе разбојник од Арачиново кој од март до август оваа година извршил четири кривични дела, информираат од МВР.

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Центар при СВР Скопје, по претходни сознанија за сторени повеќе кривични дела на подрачјето на ЕВР Центар, денеска (26.09) го приведоа С.Ф. (22) од с. Арачиново, Скопско.

Тој заедно со уште едно лице, во периодот од март до август оваа година извршил четири кривични дела: две разбојништва, едно разбојништво во обид и една тешка кражба на дрзок начин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот