Полицијата приведе две лица додека краделе во двор од куќа во Куманово

Кумановската полиција  затекнала двајца крадци во двор од куќа на улицата „Народна револуција”, соопшти денеска СВР Куманово.
Полициските службеници, дваесет минути по полноќ во двор од куќата ги лишиле од слобода 23-годишниот А.А. и  една година постариот В.Аод Куманово. Уште едно лице кое било со нив успеало да избега.
Тие биле затекнати додека извршувале тешка кражба во куќата, а покрај нив биле пронајдени одземените предмети од куќата, кои им биле одземени заедно со возилото „рено лагуна” кое го управувале.
 А.А. и В.А. се приведени во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот