Полицијата повторно ги казнуваше несовесните возачи

Во текот на изминатиот ден (20.06.2019 година) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје превземени се мерки и активности и констатирано е дека 53 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од сообраќај се исклучени 30 возачи од кои: 22 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца возачи затоа што биле возачи-почетници и шест возачи поради сторени останати сообраќајни прекршоци.

Исто така, исклучени од сообраќај се и 18 возила бидејќи биле со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Санкционирани се седум возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци, двајца поради неправилно престројување, 17 возачи поради неправилно престигнување, еден возач поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, пет возачи на моторцикли поради неносење заштитен шлем, тројца возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 12 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во текот на изминатиот ден издадени се 82 мандатни платни налози и 50 возила се подигнати со специјално возило “пајак”.

Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои три лица се здобиле со телесни повреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот