Полицијата пет дена трага по исчезнатата млада мајка од Босилово

Пред два дена во телефонски разговор за „Фокус“ нејзината мајка, Валентина апелирала до сите кои што имаат било какви сознанија околу тоа каде би можела да биде Марија, веднаш да се јават во полиција.

Пет дена семејството на 28-годишната Марија Брзакова од струмичко Босилово нема сознанија каде би можела да исчезне младата жена, која во саботата наутро излегла од својот дом и не се вратила.

Пред два дена во телефонски разговор за „Фокус“ нејзината мајка, Валентина апелирала до сите кои што имаат било какви сознанија околу тоа каде би можела да биде Марија, веднаш да се јават во полиција.

Утрото кога излегла од својот дом, таа била облечена во тренерки во темна боја, на нозете имала патики или влечки, со себе не носела ташна, мобилен или било каков документ. Висока е околу 160 сантиметри, средна градба, со долга костенлива коса.

– Таа е мајка и сопруга, никогаш не би ја оставила ќеркичката – вели мајката на Марија.

Прочитајте и...  Докторка со пријава до МВР за вчерашниот инцидент во Струмичката болница по смртта на деветмесечно дете

Денеска од СВР Струмица потврдија дека потрагата по Марија трае и се преземаат сите потребни мерки за нејзино пронаоѓање.

– Се пребарува теренот, вклучени се и кучиња трагачи. Повеќе информации не можеме да ви дадеме во моментот, во интерес на истрагата, и покрај големиот јавен интерес за случајот, вели Хризантема Рендевска портпарол на СВР Струмица.

Прочитај повеќе

Филипче: Кротката убавица Бојана како лавица го победи карциномот (ВИДЕО)

Слободен печат

Фејсбук и Инстаграм поради прописите ќе ја напуштат Европа?

Слободен печат

Заев до Вартоломеј: Православниот народ во нашата земја заслужува автокефална црква

Слободен печат

Шахпаска децидна: Родителите треба да се вратат на работа

Слободен печат

„Русино е Чернобил на Македонија“: Граѓаните излегоа на протест за затворање на депонијата

Слободен печат

Лига Европа: Сон и Кејн ќе бидат најголемата опасност во Скопје! (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Културните институции ќе работат според Протоколот за организирање настани

Слободен печат

Студентските и ученичките домови ќе се отворат со намален капацитет, одбиените ќе добијат надомест

Слободен печат

Во 169 училишта има услови за настава со физичко присуство на учениците

Слободен печат

Скандалозно: Полицијата од Солт Лејк Сити изрешета аутистично момче (13) со 11 куршуми (ВИДЕО)

Слободен печат

Чии луѓе се новите кадри на лидерот Мицкоски?

Слободен печат

Две воспитувачки од тетовска градинка позитивни на ковид-19 испратени во изолација

Слободен печат