ПОЛИЦИЈАТА НОСЕЛА КУЧИЊА НА ПРОТЕСТИ, НО ОВОЈ ИРАЧАНЕЦ ГО КРЕНАЛ ВЛОГОТ: На протест се појавил со лав! (ВИДЕО)

Фото: Твитер

Еден маж на протестите во Ирак се појавил со лав, кој на себе го носел знамето на оваа земја.

Тој го шетал лавот по улиците, а не е познато каде точно била направена снимката од него и лавот, но во текот на последниот месец протести се организираат во Багдад и во јужните провинции на земјата.

Најмалку 320 луѓе загинале од почетокот на протестите, на 1 ноември, а илјадници се повредени.

Членовите на безбедносните сили користат боева муниција, гумени куршуми и солзавец, но и кучиња при справувањето со демонстрантите.

Во последните конфликти биле убиени четворица демонстранти, од што тројца загинале од солзавец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот