ПОЛИЦИЈАТА НЕМОЌНА: Ќе користи борбена муниција врз демонстрантите во Хонконг (ВИДЕО)

Кина предупреди дека нема мирно да гледа како протестите во Хонгконг се развиваат во „ситуација која не може да се контролира”, додека десетици демонстранти избегаа од полицијата во зградата на универзитетот.

Тие прво од кровот на универзитетот во кој се затворија ги гаѓаа полицајците со стрели и молотови коктели, а потоа се спуштија со јаже и избегаа со мотоцикли.

Полицијата во Хонгконг претходно во соопштение се закани дека ќе одговори со борбена муниција ако демонстрантите употребат смртоносно оружје и прават други насилни дела.

Еден полициски службеник во Хонг Конг вчера беше погоден со стрела кога полицијата употреби солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите кои го окупираа кампусот на универзитетот.

На фотографии објавени на Фејсбук страната на полицијата, се гледа дека стрелата го погодила полицаецот во долниот дел на ногата, а полицијата соопшти дека е пренесен во болница.

Демонстрантите одбија да се повлечат, иако кон се движеа камиони со водени топови.

Демонстрантите почнаа да се повлекуваат кон зградата на Политехничкиот универзитет дури откако се стемни, плашејќи се дека ќе бидат заробени затоа што полицијата употреби солзавец и им пристапи од спротивна страна.

Демонстрантите потоа од кровот на универзитетот ги гаѓаа полицајците со стрели и молотови коктели.

Полицијата употреби солзавец и во други делови на Хонгконг, а во некои области имало директни судири со демонстрантите.

Полицијата предупреди дека насилните активности на Политехничкиот универзитет во Хонгконг ескалирале во немири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот