Полицијата нашла дрога кај тројца малолетници од Скопје

ФОТО: МВР на Република Србија

По документирање овие случаи, против малолетните престапници ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во два одделни случаи, од кој еден за време на полицискиот час, скопската полиција вчера пронашла марихуана кај малолетници.

Првата ситуација била регистрирана на 21 април во 15 часот кога полицајци на булеварот „АСНОМ„ привеле двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години, откако кај нив била пронајдена марихуана.

Вториот случај е регистриран во 16.10 часот, за време на ограничено движење, кога на подрачјето на Бит-пазар бил приведен 17-годишен малолетник од Скопје. При извршен преглед кај него полицијата пронашла марихуана.

По документирање овие случаи, против малолетните престапници ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот