Полицијата на Шри Ланка: Сите осомничени за нападите или се уапсени или загинати

Сите осомничени што учествувале во заговорот или биле директно поврзани со нападите во Шри Ланка на Велигден, се или уапсени или загинати, изјави вршителот на должност началник на полицијата Чандана Бикрамаратн.

– Силите за безбедност конфискуваа материјали за изработка на бомби што требало да ги искористат за идни напади, Бикрамаратн.

Исламска држава презеде одговорност за низата напади на Шри Ланка при што загинаа 257 лица, а околу 500 беа повредени.

Властите во Шир Ланка изјавија дека нападите се извршени од две малку познати локални исламистички групи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот