Полицијата на Хонгконг со нови ограничувања за медиумите

Фотографија која новинската агенција Епл Дејли ја сподели прикажува како полицијата вади кутии со материјали од зградата / 11 август 2020 / Хонг Конг / Фото: EPA-EFE/APPLE DAILY HANDOUT HONG KONG OUT. CHINA OUT. TAIWAN OUT. MANDATORY CREDIT: APPLE DAILY HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES/NO ARCHIVES

Полициските сили на Хонгконг известија неколку медиумски здруженија за нови постапки за акредитација на новинарите, во писмо кое денеска е јавно објавено.

Полицијата соопшти дека ќе бидат признаени само оние кои работат за медиуми регистрирани во владата на Хонгконг или „реномирани и добро познати” не-локални медиуми.

Асоцијацијата на новинари од Хонконг (ХКЈА), Здружението на новински фотографи на Хонгконг (ХКПА), Прес Федерацијата на Хонконг (ХКПФ) и Извршни директори на вести од Хонгконг се четирите здруженија што го добиле писмото.

Новинарите кои нема да можат да се регистрираат според новите правила, ќе се соочат со ограничувања кога известуваат на терен, исклучување од официјални прес-конференции и потенцијално апсење доколку известуваат без издадени акредитации од владата.

ХКЈА соопшти дека нивните упатства за регистрација се изготвени заедно со претставниците на полицијата и медиумите пред неколку години.

– Полицијата ја раскина оваа врска со планирање да направи значителна измена без претходно да разговара и да се консултира со нашиот сектор, рекоа тие.

– Бараме полицијата да го укине новото правило, или ќе одговориме со преземање на секакви можни и потребни мерки, додадоа тие.

Во писмото, полицијата соопшти дека стотици „самопрогласени” известувачи се собрале на одредени локации и ја попречувале полициската работа во серија големи јавни настани, што всушност се однесува на протестите кои почнаа минатиот јуни.

Полицијата соопшти дека од август распоредила околу 300 полициски репортери на лице место на протестите кои снимаат сцени од толпи за да ги „олеснат нормалните должности на репортерите”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот