ПОЛИЦИЈАТА МОБИЛИЗИРАНА: Околу 6.000 припадници на безбедносните сили ќе ги обезбедуваат француските протести

Франција полиција/Фото: Принтскрин

Закажани за 14 часот, демонстрациите во Париз ќе бидат обезбедувани од голем број на припадници на безбедносните сили. Околу 6.000 нивни припадници се мобилизирани, соопшти префектурата на Париз, јави дописникот на МИА.

Властите очекуваат пристигнување на 25.000 демонстранти. Министерството за внатрешни работи предупреди на пристигнувањето на неколку стотици насилници – црни блокови. Затоа, префектурата на Париз побара од трговците и рестораните кои се наоѓаат на трасата на која ќе поминат демонстрантите да ги спуштат металните завеси, за да избегнат кршење или за да се избегне земање од продавниците на опрема која може да се користи за напади.

Од утрово, исто така, полицијата постави превентивни контроли.

Во 11 часот, префектурата на главниот град објави дека направила 2.777 контроли, при што осум лица се уапсени. Претходно изутрината, лидерот на Непокорна Франција, Жан-Лук Меленшон, ги советуваше париските демонстранти да внимаваат на „психопатските методи” што ги користи префектот на Париз Дидиер Лалемент, за да го одржи редот.

Од своја страна, синдикатите значително ја зголемија својата редарска служба за да се справат со можните изливи на насилство. Во четвртокот ЦЖТ објасни дека го зголемил  бројот на редарите за 30 отсто кои ќе треба да ја заштитат поворката.

Елисејските полиња се забранети за демонстрации, а на синдикатите треба да им се приклучат и жолтите елеци. Покрај во Париз, синдикални поворки се пријавени во уште 250 француски градови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот