Има 32 години, а изгледа како да има 13: Полицијата мислела дека фалсификувал возачка дозвола бидејќи не верувале колку години има

Иако изгледа како тинејџер, Денис Вашурин е роден во 1987 година.

Денис стана една од најинтересните теми на руските социјални мрежи по интервјуто за популарниот јутјуб канал „ВАСЯ НА СЕНЕ“.

И тој самиот признава дека секогаш кога на луѓето ќе им каже колку години има, тие речиси не му веруваат, пренесува  Oddity Central.

Затоа Денис претпочита да живее во мало село во рускиот регион Краснојарск, наместо во градот. Таму сите го познаваат, и тој може времето да го поминува правејќи го она што го сака – лов, риболов и да биде со својата девојка.

Instagram

Во едно интервју, Денис откри дека неговите родители многу рано забележале дека тој не е како другите деца. Отсекогаш бил значително поситен од неговите врсници, но тоа во почетокот воопшто не му пречело.

Како што растел, разликата меѓу него и другите деца на негова возраст станувала поочигледна, а во тинејџерските години се чинело како целосно да престанал со растот.

„Кога сфатив дека повеќе нема да се менувам физички, на почетокот се чувствував малку непријатно“, раскажува Денис. „Размислував за тоа како ќе биде сѐ, како ќе се одвива мојот живот, дали ќе ми биде тешко.“

Instagram

Иако успева да води повеќе или помалку нормален живот, и покрај неговиот необичен изглед, Вашурин признава дека понекогаш мора да ја објаснува и докажува својата вистинска возраст.

Се сеќава дека еднаш бил запрен од сообраќајна полиција и го осомничиле за фалсификување на возачка дозвола.  Откако ги потврдил годините, полицајците почнале да се шегуваат со него дека изгледа многу младо, а ваквото однесување тој го смета за несоодветно.

„Зошто морам ова секогаш да го објаснувам?“, се прашува Денис.

Тој вели дека дури и оние што ги познава го прашуваат дали се чувствува млад како што изгледа, и дека и покрај младешкиот изглед, неговото тело старее исто како и другите луѓе на негова возраст.

Што се однесува до неговата личност, неговите пријатели и девојка го нарекуваат „деденце“.

„Досаден сум, тврдоглав и летаргичен, како мечка за време на хибернација“, објаснува Денис низ смеа.

Instagram

Тој е во врска со својата девојка веќе четири години. За среќа тие се познаваат веќе подолго време, па тој не морал и нејзе да ѝ докажува колку години има.

Иако е свесен дека за многумина неговиот младешки изглед може да изгледа шокантно, тој единствено бара да не му се суди само за неговиот физички изглед.

„Не можете да го живеете мојот живот“, рече. „Не знаете како би живееле во моето тело, во мојата ситуација, каква личност би станале. Затоа не судете.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот