Полицијата ќе и го заплени мебелот на Јанева

Фото: Слободен печат

Откако специјалната обвинителка Катица Јанева беше вратена во нејзиниот дом, поради тоа што морала да биде присутна додека се врши претрес во нејзиниот дом, најновите информации велат дека полицијата ќе и го земе мебелот.

Според ОЈО, Јанева ја злоупотребила службената положба и овластувања и стекнала имотна корист од 298.000 денари, односно околу 5.000 евра.

По завршувањето на претресот се очекува Јанева да биде пренесена во Кривичниот суд каде треба да се донесе одлука за барањето на ОЈО, да и се определи мерка притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот