Полицијата казни 253 возачи во Скопје

Фото: МИА

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден на територијата на град Скопје изречени се вкупно 235 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции, 17 за возење без возачка дозвола и 56 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли.

Изречени се шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 17 за управување под дејство на алкохол, четири за минување на затворен сигнал (црвено светло), 51 санкција за непрописно паркирање.

МВР најавува дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Видео на денот