Полицијата ја презеде контролата над улиците во Барселона, 89 повредени

Каталонската и шпанската национална полиција ја презеде контролата над улиците во Барселона и другите каталонски градови во саботата вечер, растерувајќи ги демонстрантите кои шест часа зад запалени барикади со камења учествуваа во судирите во кои 89 лица се повредени. Според последните информации, 27 лица се уапсени.

Во петокот вечер се одвиваа најжестоките судири меѓу каталонските заговорници за независност и полицијата откако во понеделникот се изречени затворски казни за каталонските лидери осудени за одржување на референдум за независност во 2017 година.

Ситуацијата во центарот на Барселона се смири откако се претвори во бојно поле.

Пожари биле запалени и барикади биле поставени зад кои демонстранти со маскирани лица ја гаѓале полицијата со камења, цигли, петарди и други предмети. Полицијата одговорила со пукање гумени куршуми и солзавец и со употреба на палки. Немири имало и во другите каталонски градови каде исто така се организирани протести.

Над 500.000 поборници за независност на Каталонија се собраа во петокот во Барселона во знак на протест против обвинителните пресуди против нивните лидери.  Демонстрантите бараат отцепување од Шпанија и ослободување на затворените службеници

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот