Полицијата и пожарната апелираат да не се палат огнови по нивите во Тетово

фото МИА

Полицијата и пожарната од Тетово викендов бележат неколку помали пожари во ниви и шуми, пред се од земјоделци кои вршат расчистување на земјиштата заради пролетната седиба. Поради опасноста од избувнување поголеми пожари полицијата и пожарната апелираат да не се палат огнови на отворено.

Полски пожар покрај пат кај Непроштенска јурија ни пријави возач на цистерна полна со плин кој дури не поминал од страв да не се случи експлозија. Ние интервениравме го изгаснавме огнот па тој поминал.  Пожар имало и во шума блиску до училиштето во Желино, но самите потоа го изгаснале додека да дојдеме, информира Ука Алити од тетовската пожарна.

Во СВР Тетово изминатиот викенд во тетовскиот регион се пријавени неколку полски и шумски пожари, пред се во селата Нераште, Шемшово, Јегуновце, Рогачево и на други места. Затоа Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира и предупредува до сите кои работат или се движат деновиве на отворен простор да не палат огнови.

Ова посебно се однесува на земјоделците кои максимално ги користат сончевите и суви денови и интензивно се подготвуваат за пролетната сеидба, кои ги чистат и палат отпадоците и стрништата на нивите и потоа заминуваат, а огнот без контрола брзо се шири, особено кога времето е ветровито.Да бидат крајно внимателни им се советува, исто така, и на оние кои работат во шумите, како и на излетниците, зашто доволно е само мала искра за да се потпали сувата трева или околната нискостеблеста вегетација, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од таму потсетуваат дека предизвикувањето пожар, намерно или од човечко невнимание, претставува и кривично дело за кое се предвидени ригорозни законски санкции, парични и затворски казни до 10 години, зависно од крајните еколошки и други последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот