19.8 C
Скопје

Полицијата го уапси шаманот кој тргнал на пат долг 5000 километри за да го истера ѓаволот од Путин (ВИДЕО)

Сибирскиот шаман, кој пешки тргнал од Сибир во Москва за да го истера ѓаволот од Путин, денеска е уапсен.

Полицијата на руската република Бурјатија, објави дека ноќеска го уапсила Александар Габишев на автопат во близина на Бајкалското езеро. Го вратиле во родната Јакутија, каде го бараат за направен криминал.

Александар Габишев тргна пеш низ најголемата земја во светот во март и планирал да пристигне во Москва во 2021 година. Неговата желба беше да го избрка ѓаволот од Путин, откако ќе дојде во главниот град.

Во последните неколку недели, мала група следбеници, убедени или забавувани од неговите изјави за рускиот претседател Владимир Путин, му се придружија на патувањето од 5.000 км помеѓу Јакутск и Москва. Алексеј Навални, главниот противник на Кремљ, се пошегува со реакцијата на властите.

– Путин се исплаши, се тресе и вика „Боже мој, спаси ме од овој шаман, што ако навистина го избрка ѓаволот од мене?“

Поврзани вести

Лукаревска: Наша единствена алтернатива е ЕУ

Слободен печат

Пукотница во Старата скопска чаршија

Слободен печат

Филипче од Штип: Покажавме дека за нас зборот е збор, го имаме најдоброто за секоја општина

Слободен печат

Ексцентричен тајкун, креатор на најпознатата антивирусна програма, пронајден мртов неколку часа по одлуката за екстрадиција

Слободен печат

Заев тврди дека не разговарал со Ахмети за промена на знамето, грбот и химната

Слободен печат

Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Слободен печат

Остави Коментар