Полицијата го приведе поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски

Поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко, дознава Слободен печат од извори во истрагата.

Полицијата потврдува дека бил приведен но засега не се познати детали за случајот.

Според неофицијални информации тој се поврзува со делото „неовластено навлегување во компјутерски систем”.

Според извори од полицијата се истражува неовластено навлегување во комјутерскиот систем на Централниот регистар.

Се очекуваат повеќе детали за случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот