Полицијата го приведе на испрашување премиерот на Федерацијата БиХ

Босанско знаме / Фото: Профимедиа

На премиерот Новалиќ полициските истражители во средата му го одзедоа мобилниот телефон за со вештачење да проверат со кого и кога контактирал за набавка на респиратори.

Претседателот на владата на Федерацијата Босна и Херцеговина Фадил Новалиќ и директорот на управата за цивилна заштита на тој ентитет Фахрудин Солак се приведени денеска на испрашување во седиштето на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во рамки на истрагата за сомнителната набавка на болнички респиратори, објавија локалните медиуми.

Заедно со премиерот Новалиќ и Солак кој претходно беше суспендиран од должноста на испрашување е и Фикрет Хоџиќ, сопственик на компанијата „Сребрена малина“ на која ѝ е доворено купувањето на стор респиратори за болниците во Сараево, Мостар и Тузла за да се опремат за лекување на тешко болните пациенти од коронавирус.

Двајцата ентитетски функционери како и Хоџиќ и претходно дадоа искази откако случајот го презеде Обвинителството на БиХ.

На премиерот Новалиќ полициските истражители во средата му го одзедоа мобилниот телефон за со вештачење да проверат со кого и кога контактирал за набавка на респиратори.

Спорните респиратори набавени од Кина за 5,3 милијарди евра се покажаа како неупотребилви на болничките оддели за интензивна нега, а истрагата треба да утврди како „Сребрена малина“ го добила тендерот за кој не била регистрирана, со оглед на тоа дека станува збор за компанија на која дејност и е одгледување и преработка на овошје и зеленчук.

Оваа компанија тендерот го добила со непосредна спогодба, а договорот го потпишал Солак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот