Полицијата го фати Кобра, убиецот на Мартин Јанушев

Фото: МИА

Полицијата вечерва го обезбеди убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев кој беше во бегство речиси две години, потврдуваат извори во МВР.

Филип Секуловски Кобра, кој беше баран со потерница од МВР, веќе е во затворот во Шутка.

Според некои медиуми, Секуловски сам се предал на полицијата.

Мартин Јанушев на 3 ноември 2017 година беше застрелан пред неговиот дом во населбата Аеродром. Јанушев беше фудбалер во клубовите Локомотива, Маџари солидарност и 11 Октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот