Полицијата ги растера демонстрантите, грузискиот парламент продолжува со работа

Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Грузискиот Парламент ја повторно започна со работа, откако демонстрантите кои од синоќа ги блокираа неговите влезови беа растерани од полицијата, пренесе Тас.

– Жално е што дел од опозицијата и нејзините претставници повторно ги поведоа нивните поддржувачи и со мирниот протест го нарушија законот. Притоа во предвид го имам блокирањето на парламентот, изјави неговиот претседател Арчил Талаквадзе, кој ја раководи седницата на Бирото на законодавниот дом.

Само пратениците од владеачката партија „Грузиски сон – демократска Грузија” учествуваат во работата на парламентот. Опозициските партии „Обединето национално движење” и „Европска Грузија – Движење за слобода” ја бојкотираат работата на законодавниот дом.

Спикерот на парламентот ги обвини претставниците на опозицијата за ескалацијата на тензиите и избегнување на дијалогот.

-Дел од парламентарната опозиција создаде човечки синџир на вратите на парламентот. Сакам да напоменам дека тоа се луѓе кои некогаш ставија катанец и синџир на правата на човекот, медиумите, приватната сопственост, институциите и идејата за слобода на земјата. Сето тоа благодарение на монополизираните медиуми, кои тие ги претставијаа како демократија и независност – рече Талаквадзе на заседанието на парламентарното биро.

Претседателот на парламентот со себе донесе и синџир и катанец, што беа закачени врз вратите на парламентот.

-Сакам симболично да им го предадам овој пресечен синџир како спомен, што го изразува нивниот пристап и вредности во однос на граѓаните и државата, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот