Полицијата ги блокираше демонстрантите, не им дозволи да се приближат на ДУИ

Фото: Принтскрин

Протестите кои започнаа во Тетово, а со марширање се упатија кон седиштето на ДУИ во Мала Речица пред малку беа прекинати.

Братот на Ел Чека, кој беше меѓу тие што протестираа, изјави дека се принудени да го прекинат протестот, истакнувајќи дека не сакаат да ескалира состојбата и да настанат непредвидливи сценарија.

Тој за таквото дејствување на полицијата го обвини лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пренесува Алсат М.

– Сме добиле информации дека многу од луѓето кои тргнaле од Кичево, Куманово, Струга добиле закани од полицијата од Полициската станица Тетово и биле блокирани на неколку места и не можеле да дојдат. И на мене ми се закануваше полицаецот Али Касами. Тој ми рече: Кој си ти да дојдеш од Кичево, за да организираш протест во Тетово? – изјави Блерим Ахмети, братот на Ел Чека.

Инаку, денешниот протест беше најавен од Ел Чека, кој во последно време на социјалната мрежа Фејсбук објавуваше прислушкувани материјали – таканаречени “бомби“, каде се слушаат додека разговараат припадници на ДУИ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот