ПОЛИЦИЈАТА ДЕМАНТИРА: Немаше експлозија во вилата на Ѓукановиќ, станува збор за електричен дефект

Полициската управа во Подгорица соопшти дека не е точно оти во претседателската вила „Горица” одекнала експлозија, како што претходно објавија медиумите.

– Станува збор за помал електричен дефект, кој брзо е отстранет. Експлозија немаше како што пренесоа некои медиуми со цел да се создаде паника, наведува полицијата.

Претходно весникот „Вечерње новости” објави дека во вилата „Горица”, која црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и Владата ја користат за прием на високи странски гости и делегации, денеска попладне одекнала експлозија и дека безбедносните структури на Црна Гора се сомневаат во обид за диверзија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот