Полицајка во Хрватска нудела превоз на луѓе без пропусница: „Моите финансии не прашуваат за вирусот“

Хрватска полиција/ Фото: Профимедиа

Во Хрватска од понеделникот е на сила забрана за напуштање на домовите.

Полициските службеници вчера ширум земјата на влезовите на градовите постави пунктови и започнаа да ги проверуваат сите возила. Затоа, уште поневеројатно е што направила една полицајка од Загреб, а приказната ја пренесува хрватски „Индекс“.

Таа е од местото Нова Градишка, а на Фејсбук-страна нудела превоз на луѓе кон и од Загреб. И тоа на луѓе без пропусница.

„Тоа не важи за полицијата“, одговорила некому кој во коментарите прашал што е со одлуката за проусниците.

Кога некој ја прашал за кршењето на правилата, напишала: „Благодарам на брзината, но мојата работа и финансии не прашуваат многу за вирусот“.

„Индекс“ утринава за ова ја запрашале полицијата, а тие одговориле дека полицајката сега е оддалечена од службата поради недолично однесување.

Фото: Фејсбук/Индекс.хр

Освен таа, поради недолично однесување од службата е оддалечен и еден полицаец. Тој, имено, се снимил и на социјалните мрежи објавил непримерно видео во кое вулгарно и го коментира однесувањето на граѓаните и моменталната ситуација околу спроведувањето на мерки за заштита против шриењето на коронавирусот.

Против двајцата ќе биде започната дисциплинска постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот