Полицајка во Гнилане усмртила четири членови на своето семјество, па извршила самоубиство

Полициски амблем на Косово / Фото: МИА

Попладнево во местото Гнилане во Косово, В.Б. со огнено оружје застрелала четири членови на своето семејство, односно својот татко, мајка и двајца браќа, а потоа извршила самоубиство.

Според пишувањата на косовските медиуми, жената која пукала во членовите на своето семејство била полицајка, а се верува и дека имала психички проблеми.

– Според првичните информации, во населбата Бујанина во Гилане, починатата В.Б, полициски службеник во Гнилане, со огнено оружје ги усмртила двајцата родители и двајцата браќа и на крај се самоубила. На местото на настанот веднаш пристигнала полицијата, екипи на обвинителството и Брзата помош, кои констатирале смрт кај петте лица – се вели во соопштението на Обвинителството.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот