Полицајци во Русија удираат жена по стомак, јавноста бесна (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Видеоснимка на која руски полицаец удира млада жена по стомак предизвика бес кај многу Руси, кои сметаат дека властите користат претерана сила за да ги растераат демонстрантите, кои веќе неколку недели протестираат во Москва.

Видеото е забележано во саботата, а нешто подоцна се прошири на Фејсбук.

На снимката е прикажан моментот во кој двајца припадници на полициските сили со кациги ја влечат жената, Дарија Сосновскаја, кон полициското возило.

26-годишната Дарија се обидела да се ослободи и да го турне едниот полицаец на земјата, но наместо тоа, таа добила удари по стомакот од него, а еден новинар кој го снимил инцидентот саркастично го нарекол полицаецот „херој“.

Погледнете го видеото:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот