Полицајци пукале 16-годишно момче во глава: Никому не му е жал, сите мислат дека тоа е правда (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Хуанито Пистол (16) кој е платен убиец на мексикански нарко-кланови, му била разнесена глава во пукање кое се случило кога мафијата одлучила да ја нападне полицијата на 27 август.

Пистол, познат и како командантот Литл, бил во комбето со членови на мафијата, кога минатата недела им било наредено да и направат заседа на полицијата во гратчето Нуево Ларево во Мексико.

Пистол и уште шестмина луѓе во текот на попладневните часови, вооружени со пушки и облечени во воени униформи, патувале во комбе со тексашки регистарски таблички и ја нападнале полицијата во близина на аеродромот.

ПОЧНАЛ ДА УБИВА ЗА ПАРИ ОД СВОЈАТА 13. ГОДИНА

Членовите на мафијата биле погодени со куршуми од голем калибар, а на фотографиите се гледа дека Пистол бил погоден во глава. Уште четворица членови на „Пеколните трупи“, крило на злогласниот картел на североисток, биле убиени во конфликт со полицијата.

Возилото во кое Пистол загинал било користено во напади на полицијата неколку дена порано во друг дел од градот. Видео снимките на социјалните мрежи и рап песни на наркокартели го фалат и му се заблгодаруваат на загинатиот Пистол, за кој се тврди дека бил платен убиец од својата 13. година.

ПРЕТСТАВУВААТ СТРАВ И ТРЕПЕТ ВО ГРАДОТ ОД 2004 ГОДИНА

Пистол му се приклучил на картелот кога имал само 13 години, се пробивал низ нарко хиерархијата за да стане еден од најпознатите нарко платени убијци. На видео снимката од пред една недела прикажани се камиони со нивни регистарски таблички како забрзуваат по автопатот додека се слуша пукање.

https://youtu.be/UCzFnXBtlVU

Овој клан го контролира градот од 2004 година, кога го преземале од картелот Синалоа, во крвавата војна која однела најмалку 2.000 животи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот