Полицајци даруваа крв, собрани 20 единици крв во Кавадарци

Дваесет единици крв беа собрани во денешната крводарителска акција во Кавадарци.

Во крводарителската акција, која беше во организација на на Црвен крст Кавадарци и Институтот за трансфузиона медицина, даруваа полицајци вработените во полицијата, во ОВР Кавадарци и во гранична полиција РЦ Југ.

– Хуманоста на дело уште еднаш кога е најпотребно, ова е една од ваквите редовни крводарителски акции. Бројката на дарувани единици крв е во рамките на предвиденото, со оглед на тоа што на први овој месец имаше акција во зградата на Општина Кавадарци,  каде што крв даруваа 37 граѓани, за МИА рече Димитар Каракулев, претседател на кавадаречкиот Црвен крст и инспектор за превенција, кој и самиот е крводарител и досега има дарувано крв 18 пати.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот