Полицаец застрелан од автомобил во движење во Аризона (ВИДЕО)

Тој, наводно, му возвратил на напаѓачот, кој побегнал со автомобил.

Полицаецот го преживеал нападот, бил хоспитализиран и се очекува да закрепне, соопшти полицијата од Феникс и ФБИ. Портпаролката на ФБИ исто така рече дека осомничениот е приведен по кратка бркотница.

Полицаецот одговорен за безбедноста на судот бил член на американската Маршал служба. За среќа, тој имал заштитен елек кога бил застрелан, изјави анонимен полициски службеник за „Фокс њуз“. Тој, наводно, му возвратил на напаѓачот, кој побегнал со автомобил.

Полицијата објави фотографија од сребрена лимузина, видена како се оддалечува од судницата. Судницата, сепак, останала отворена, и покрај пукањето, со дополнителна полициска заштита.

Ова е втор навидум случаен напад врз американски полицајци за само три дена. Во саботата, двајца полицајци во Лос Анџелес во претежно афроамериканската населба Комптон беа застрелани од непосредна близина додека седеле во патролен автомобил.

Од заседа застрелани двајца полицајци во Лос Анџелес (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Човекот кој се обидел да ги убие се преправал дека поминува покрај паркираното полициско возило, па во еден момент се свртел, извадил пиштол и ги застрелал, а потоа избегал.

Застрашувачкиот напад е снимен од надзорна камера. Се гледа дека напаѓачот е Афроамериканец со качулка на главата. И двајцата полицајци биле погодени во главата , 31-годишната полицајка во вилицата и рацете и 24-годишен полицаец во челото, тупаницата и раката.

Полицајката, иако самата со сериозни повреди, му пружила прва помош на колегата, што може да се види на снимките од надзорната камера.

И двајцата сега се во стабилна состојба, на одделот за интензивна нега. Потерата по напаѓачот сè уште трае, три дена по нападот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот