Полицаец впери пиштол во група тинејџери, соседите кренаа паника (ВИДЕО)

Полицијaта во вторникот објави 17-минутна снимка од интеракцијата на тинејџерите и службеникот кој го снимила камерата која се наоѓа на униформата на полицаецот.

Кога Шанел Лад во понеделникот забележа како пред полицаeц стои група тинејџери со црна боја на кожата и со поткренати ракави, го паркирала автомобилот и тргнала да го снима инцидентот.

„Ве молам господине, па тие се деца! Зошто сте извадиле пиштоли“, му викна таа на полицаецот од округот Клејтон.

Нејзиното видео наскоро се прошири на социјалните мрежи.

„Прво ми падна на памет – јас сум мајка, морам да ги заштитам овие деца“, рече таа за Си Ен Ен.

Според информациите на полциијата, службеникот во понеделникот реагираше на дојава дека во местото Јанесборо во сојузната држава Џорџија група тинејџери имале пиштол и се тепале на паркинг пред локален дуќан. Но, на снимките од блиските надзорни камери не се забележува никаков судир на тинеџери.

Пиштолот вперен кон тинејџер го држел повеќе од четири минути

Кога полицаецот стигнал во дуќанот, тинејџерот повеќе го немало, но малку подоцна ги видел како се движат по улицата.

Полицијaта во вторникот објави 17-минутна снимка од интеракцијата на тинејџерите и службеникот кој го снимила камерата која се наоѓа на униформата на полицаецот.

Кога полицискиот службеник ги здогледал тинејџерите, го запрел возилото и го извлекол пиштолот додека излегувал од автомобилот.

„Запрете!“, повика тој.

„Поради наводите дека малолетниците поседувале пиштол, службеникот им пришол со извлечено оружеј и го вперил во малолетните лица“, соопшти полицијата.

Полицаецот потоа на тинејџерите им рекол дека треба да го послушаат и дека несака никого да повреди. Полицаецот повеќе од 4 минути го држел пиштолот вперен во тинеџерите, додека тие стоеле со рацета над главите.

Граѓаните излегле од своите автомобили

„И други луѓе излегоа од автомобилите. Не имаше околу 30. Им говоревме да децата да останат мирни и го молевме полицаецот да го спушти пиштолот“; рече Лад.

Полицаецот потоа малолетниците ги праша дали имале пиштол, на што тие рекле дека имале гасен пиштол, но го фрлиле во грмушките.

„Слушајте, не сте во никава неволја. Но мора да внимавате. Можете да е повредите со воздушен пиштол. Не смеете да ги имате. Имам деца како вас“, рече полицаецот кога тинејџерите му покажаа каде го фрлиле пиштолот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот