Полицаец во Србија претепа маж кој ја прекршил забраната за движење (ВИДЕО)

Низ порталите во Србија се прошири снимка на која се гледа како полицаец удира човек кој седи на задното седиште на полицискиот автомобил.

Настанот, како што наведува српскиот портал ,,Блиц”, се случил вчера, во центарот на Белград. На снимката се слуша женски глас како панично ја критикува постапката на полицаецот.

Од српската полиција соопштија дека детално ќе го испитаат случајот и ќе утврдат дали се работи за пречекорување на службената должност на полицискиот службеник.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ оцени дека овој настан не смее да стане синоним на однесувањето на српските полицајци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот