Полицаец во Хонгконг погоден со стрела (ФОТО+ВИДЕО)

Полицаец во Хонгконг е повреден денес со стрела за време на судири меѓу демонстрантите и полицијата, соопшти полицијата.

Повредениот полицаец бил распореден во блок недалеку од Политехничкиот универзитет.

Полицијата објави фотографии од полицаецот застрелан со стрела во ногата.

Ново насилство избувна утрово околу опколениот универзитетски кампус во Хонгконг додека демонстрантите се подготвувале за можен последен полициски удар по насилните судири во текот на ноќта.

Големи пожари го осветлувале ноќното небо над Политехничкиот факултет во Хонгконг во округот Ковлон, каде демонстрантите неколку часа пред тоа фрлале молотови коктели, некои од катапулти, а полицијата ги полевала со солзавец додека ги туркала кон кампусот.

После неколку часа затишје додека демонстрантите спиеле на тревниците и во универзитетската библиотека, полицијата пукала млазови солзавец околу 10 часот наутро. Активистите за возврат фрлале молотови коктели, некои палеле дрвја надвор од кампусот.

Неколку часа пред тоа, одреди кинески војници облечени во шорцеви и маици, од кои некои носеле пластични канти или метли, дошле од нивните бараки во ретко јавно појавување да им помогнат на жителите да ги исчистат главните улици од блокадите.

– Не сакаме да ја напаѓаме полицијата, само сакаме да го заштитиме нашиот кампус… и сакаме да го заштитиме Хонгконг“, рече Чан, 20-годишна студентка на универзитетот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот