Полицаец удира „воспитни“ шлаканици на младо момче на Партизанска (ВИДЕО)

До редакцијата на Телма ТВ стигнало видео во кое се гледа како полициски службеник му удира шлаканица на младо момче среде Скопје, она што исто така паѓа во очи е фактот што на снимката се гледа дека полицајците не носат заштитна опрема, која е задолжителна поради епидемијата со вирусот ковид-19.

Според загрижени граѓани кои биле сведоци на настанот, инцидентот се случил вчера попладне на Партизанска во Карпош 4.

Најверојатно полицијата го сопрела момчето за тоа што со своето возило поминал на црвено, но по тоа еден од полицајците му удира шамар, а друг го трга на страна и вербално го напаѓа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот