Полицаец турнал тинејџер од мост во Чиле, момчето е во тешка состојба (ВИДЕО)

Фото: JAVIER TORRES / AFP / Profimedia

Снимка од протестите во Чиле каде се гледа како полицаец турка демонстрант од мост, кој потоа од голема висина паѓа во река, предизвика бесни реакции на социјалните мрежи.

Настанот се случил во петокот на втори октомври, а момчето паднало од речиси пет метри висина во реката Мапочо.

Момчето е во тешка состојба откако се здоби со повреда на главата и фрактура на вратот, а моментално е во болница.

Медиумите јавуваат дека одговорниот полицаец бил уапсен во саботата и обвинет за обид за убиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот