Полицаец се самоповредил: Oд невнимание испукал куршум во себеси

Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде што од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди.

Полициски службеник во Битола се самоповредил со службениот пиштол, информираа од Министерството за внатрешни работи.

-На 10.5.2020, околу 9:40 часот, во СВР Битола било пријавено дека на паркинг-простор пред угостителски објект на ул. ‘Македонска фаланга’ во Битола еден полициски службеник од невнимание испукал еден куршум од службениот пиштол, при што се самоповредил- информира МВР.

Повредениот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде што од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола“, – информираат од МВР.

За настанот се запознаени јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот