Полицаец од станица изведен со лисици, зел поткуп од 2000 евра

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција денеска  околу 18 часот во Куманово го лишија од слобода полицискиот службеник И.С. поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело-примање поткуп по член 357 , примање награда за противзаконито влијание по член 359, и злоупотреба на службената положба и овластување по член 353, од КЗ.

И.С.од правно лице од Куманово побарал пари за наводно да сопре наводна истрага против правното лице, при тоа повикувајќи се на наводна блискост со високи полициски функционери. Сопственикот на правното лице го пријавил случајот во МВР по што биле преземени соодветни мерки и активности.

Вечерва во Куманово, во простории на правно лице тој на И.С. му дал претходно технички обработени 2000 евра, а откако ги земал парите И.С. е приведен.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот